Honda gold wind F6C: Кралот на булеварите

Генетиката на новиот Крал на Булеварите со име F6C, своите корени ги влече уште од “75-та, кога Honda на светот му го претстави мускулестиот крузерски нејкед GL1000 Gold Wing, кој ги постави основите на својот вид, а како основа го имаше четирицилиндерскиот боксер.

Еволуцијата следеше веќе во ’87-та, кога Gold Wing-от доби целосно одело и шестцилиндарски агрегат, а разголената верзија со назив F6C Valkyrie, дојде во 96-та. Неговото продолжение стигна на крајот на 2013-та, со целосен назив Gold Wing FC6, и со прекрасна силуета, чие шестцилиндерско срце чука во ритамот на новиот милленниум.

Основата за новиот F6C е, како што рековме, легендарниот GL1800, чии 1,832cm3 испорачуваат 114 коњски сили при ниски 5,500 вртежи во минута, но и одлични 176Nm кои се достапни на само 4,000 вртежи во минута. Овие бројки значат прекрасен турерски агрегат со флуидно развивање на силата, чиј вртежен момент го прави секогаш спремен за акција. На иста линија со агрегатот е и рамката, која покрај алуминиумската подрамка, како носечки елемент го користи и агрегатот, со што допонително е намалена тежината и секако е снижен центарот на гравитација. Сето ова ја гради ниската силуета на новиот F6C, а седлото подигнато од тлото на само 734mm им овозможува целосна контрола и на пониските возачи. Суспензијата е на висина на задачата, бидејќи на предната осовина работи 45mm телескоп, а задната оска е потпрена на Pro-Link единечното рамо, контролирани од HMAS (Honda Multi-Action System). За доброто “лежење” и пренос на големата сила на агрегатот се задолжени 19 односно 17 инчните тркала со димензија 130/60 на предната оска односно 180/55 на задната. И сопирачкиот систем дава импресивни бројки, односно двојниот диск од 310mm со две четириклипни клешти се наоѓаат на предниот дел, а задното тркало го кроти единечниот вентилиран диск од дури 316mm на кого работи триклипната клешта, се разбира сите контролирани од ABS уредот.

Намерно за крај го оставив изгледот на новиот F6C, кој е приказна за себе… Целиот текст за Honda Gold Wing F6C ќе можете да го прочитате во новото издание на ревијата Авто плус што веќе е во продажба.

- Реклама -