Хит на интернет: Мачка провали во маркет и изеде илјада долари (видео)

Оваа мачка беше снимена на аеродромот во Владивосток како без усул руча, мези и гнете во одделот за месо на еден од маркетите. Непознато е како вештата крадливка се провлекла до фрижидерот, ама познато е дека се најала лигњи, октоподи и други морски плодови, во износ од 1000 долари. Да, илјада долари!

Мачката стана хит на Youtube (и со право), а еден куп луѓе бараат начини да ја вдомат. Нам не ни е јасно… Кој би сакал да чува мачка што јаде 1000 долари на еден оброк?

- Реклама -