Хибридни Range Rover и Range Rover Sport

Land Rover официјално ги претстави хибридните верзии на теренецот Range Rover и Range Rover Sport од новата генерација. Дебито на двете возила ќе се одржи за време на меѓународниот автосалон во Франкфурт.

398_Range-Rover-470-5

И двете модификации се потпираат на истиот хибриден погон. Во него влегуваат 3,0-литарски, 6-цилиндерски дизел агрегат SDV6, електромотор, комплет литиум-јонски батерии и 8-степен автоматски менувач ZF. Вкупна моќност е 340 КЅ и 700 Nm вртежен момент. Од производителот известуваат дека целиот електричен систем – мотор, батерии и инверторот се со тежина од само 120 килограми. На тој начин хибридните Range Rover и Range Rover Sport задржуваатт релативно ниско ниво на вкупна тежина – 2394 и 2372 килограми.

Од 0 до 100 km/h хибридниот Range Rover забрзува за 6,9 секунди, додека Sport Hybrid го чини тоа малку побрзо – за 6.7 секунди. И кај двете модификации резултатот е подобар со 0,5 секунди од оној на верзијата само со дизел 3.0-литарски мотор. Мешовитата потрошувачка е 6.4 l/100 km и кај двете верзии, а максималната брзина – 218 km/h за Range Rover и 225 km/h за Range Rover Sport. При брзина до 48 km/h двете машини можат да поминат само на електрична енергија до 1,6 km.

Во Land Rover одбрале доста нестандарден начин да покажат можностите на двете возила. Тие ќе пропатуваaт на растојанието од фабриката на компанијата во Солихол (В. Британија) до канцеларијата на компанијата Tata, во Мумбаи (Индија). Машините ќе поминат околу 16.000 километри низ територијата на 12 држави, а финишот на авантурата е предвиден за 15 октомври.

Продажбата за двете возила ќе почне во Велика Британија на 10 септември, а во останатите држави – по премиерата на моделот, која е два дена подоцна. Првите испораки ќе бидат во почетокот на 2014 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -