По успешното лансирање на паралелни хибридни состави на пазарот на автомобили, Bosch развива и хибридни технологии за товарните возила.
Компанијата го пренесува своето know-how од секторот на патнички автомобили во камионите со тежина до 40 тони за подолги дестинации, како и за средно тешки и тешки товарни возила за транспорт на пократки растојанија со повеќе прекини. Во овие категории возила предностите на хибридниот погон се потврдува најдобро.
Една од најголемите предности на технологијата се намалените оперативни трошоци. При транспортот на подалечни растојанија можат да се заштедат и до 6% гориво, а за превози со повеќе прекини (многу точки на испорака, градски услови) – до 20%. Не помалку важни се и намалувањата на CO2 емисиите, што исто така изнесува до 20%. Освен тоа хибридна технологија овозможува целосно електричен и тивок старт со висок вртежен момент.
Инженерите од одделението за развој во моментов се фокусираат на сите хибриди од паралелен тип – технологија со која електромоторите се наоѓаат меѓу квачилото и менувачот за да се заштеди простор. На долги релации за време на спуштање или запирање електричната енергија може да се регенерира и да биде привремено зачувана во високоволтажниот акумулатор. Тоа важи и при превоз со чести прекини.
При старт или искачување оваа енергија може да го опслужи електромоторот со моќност до 120 kW, за што помага моторот со внатрешно согорување. На овој начин се намалува потребата од голема моќност на мотор и соодветно се намалува потрошувачката на гориво. Електромоторите се управуваат од инверторот, кој ја претвора постојано струјата од акумулаторот во трифазна наизменична струја и ги регулира потребните вртежен момент и брзина.