Хибриден Јагуар како одговор на Audi A8, BMW 7 и Mercedes S-класа

Раководството на Jaguar го одобри концептот за нов модел предводник, кој ќе го замени седанот XJ. Тој ќе биде супер луксузна лимузина со хибриден погон, каде основа ќе е V6 мотор.

1Според плановите прототипот на идниот автомобил ќе биде прикажан во 2018 во чест на 50-годишнината на XJ, а продажбата на сериската верзија ќе започне година дена подоцна. Поголем дел од раководството, истакнувајки ги пред се економските аргументи, гласаа за концептот за класичен седан, отфрлувајќи ја идејата за супер теренец на Jaguar, сличен на Range Rover Sport.

2Извори од компанијата откриваат дека шефовите сметаат дека мора да се крене нивото во овој сегмент, бидејќи конкурентите од најголемата германска тројка отидоа премногу далеку. На крајот одлучено дека единствената шанса на идниот XJ да им се спротистави што посериозно на Audi A8, BMW 7 и Mercedes-Benz S-класа би биле хибридните технологии и системи за автономно управување.

3Новиот предводник би требало да биде изграден на модернизирана алуминиумска платформа D7, чии компоненти се изработуваат и од други композитни материјали.

Автоплус

- Реклама -