Американската потпретседателка, Камала Харис, по синоќешната прва дебата меѓу претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп, изјави за Си-Ен-Ен дека Американците треба да се фокусираат на она што го постигна претседателот Џо Бајден за земјата во неговиот мандат, а не на неговиот ноќешен настап.
-Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски, изјави Харис за Си-Ен-Ен.
“Дали претседателот што го видовме вечерва е на таа сцена, дали е таков секој ден?“, ја праша водителот.
Харис изјави дека Бајден е личност со која соработува секој ден, дека тој е некој кој работи на начин да ги доведе луѓето во Овалната соба – републиканците и демократите – без разлика на нивната политичка припадност и дека успева да ги доведе до компромис .
-Тоа е извонредно. Во денешно време тоа едноставно не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа, рече Харис.
Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места