Хамас: Во израелски напад убиени тројца заложници – мајка и две братчиња

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека тројца израелски заложници се убиени во израелско бомбардирање на Појасот Газа.

Според британските медиуми, станува збор за најмладиот заложник, 10-месечното бебе Кфир Бибас, неговиот четиригодишен брат и нивната мајка.

Израелската војска соопшти дека ги проверува тврдењата на Хамас.

МИА

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас
- Реклама -