Хамас: Не сме заинтересирани да ги ослободиме заложниците само за Израел пак да нè бомбардира

Високиот функционер на Хамас, Осама Хамдан, изјави денеска дека палестинската исламска организација не е заинтересирана да ги ослободи заложниците „само Израел подоцна повторно да бомбардира“.

Како што рече, Израел „ќе започне нова рунда на масовни убиства“ по ослободувањето на заложниците, но „ние нема да ја играме таа игра“.

За катарската ТВ „Ал Џезира“, тој изјави дека приоритет на организацијата е траен прекин на огнот. Тој додаде дека Хамас е подготвен „за голем компромис“ доколку војната престане.

Хамдан, исто така, искажа интерес на Хамас за помирување со ривалот Фатах во повоена Газа. Тој тврди дека Хамас во неколку наврати му понудил на Фатах заеднички да донесуваат одлуки и вели дека палестинската управа на претседателот Махмуд Абас, лидерот на Фатах, е виновна што тоа не се случило.

Прочитајте и:  ХРВ: Принудното раселување на населението од Појасот Газа е воено злосторство

„Отворени сме да разговараме со нив и со сите палестински фракции“, рече Хамдан, објаснувајќи дека приоритет е „запирање на агресијата“, а потоа разговор за палестинските територии, Западниот Брег – чии делови се контролирани од палестинската управа која ја признава Западот, и Газа – со која владееше Хамас, со цел да се воспостави еден политички систем, една палестинска власт.

МИА

- Реклама -