Бујрум на нова тура масакрирање на гуми, контрола при возење и луди автомото егзибиции, толку многу типични за секое од “Gymkhana” видеата на Кен Блок.
Во последното, Блок дрифташе низ Дубаи, но овој пат се враќа во егзотичните индустриски комлекси на Бафало, Њујорк, заедно со својата нова реликрос машина – Ford Focus RS RX со 600 коња, со која се трка на Светскиот реликрос шампионат на FIA.
Кој ќе го знае уште колку видеа има намера да објави, ама не е ни важно, затоа што секое е подобро од претходното. Макар што Бафало не е ни близу гламурозно како Дубаи, Gymkhana Nine: Raw Industrial Playground е ѓаволесто добро видео за гледање.