Гвардиола: Поради Клоп станав подобар тренер

Манчестер, 2 октомври 2021 (МИА) – Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со комплименти зборуваше за неговиот колега на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, спроти утрешната меѓусебна пресметка во Премиер лигата.

Гвардиола наведе дека ривалството со Клоп позитивно влијаело врз неговиот тренерски развој.

„Можеби не уште од првата година, но откако сум тука Ливерпул секогаш беше околу нас. Екипите на Јирген Клоп ми помогнаа да станам подобар тренер. Тој ме постави на повисоко ниво, да се докажувам, да бидам подобар тренер. Тоа е причината поради која сè уште го работам ова“, изјави Гвардиола.

Сити во последните четири сезони во Премиер лигата освои три титули, а единствениот пат кога во тоа не успеа, шампионскиот трофеј го освои Ливерпул во сезоната 2019/20.

Прочитајте и:  Гвардиола откри зошто Халанд не играше против Тотенхем во Лига купот
- Реклама -