Гвардиола лут поради премногу натпревари: Ова е како НБА!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство од набиениот распоред и се поголемиот број на натпревари од сезона во сезона.

Сити оваа сезона се мачеше со повреди. Пеп смета дека една од причините за овој проблем е преголемиот број на натпревари.

Тој неколку пати укажа на оваа аномалија на модерниот фудбал, а сега повторно проговори за тоа.

– Во минатото, во претходните сезони, игравме многу натпревари. Можеби кога одиме на Светското клупско првенство, ако стигнеме до финалната фаза, ќе одиграме повеќе од 70 натпревари – ја започна приказната Шпанецот пред натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите против Спортинг во Лисабон.

Прочитајте и:  Аморим пред мечот со Сити: Ако ги победиме, луѓето ќе мислат дека сум новиот Алекс Фергусон

Следуваше паралела со кошаркарската НБА лига.

– Тие 70 натпревари се како НБА. Но, во НБА лигата има четири месеци одмор, а овде имаме само три недели! Не е само оваа сезона, имаше и претходно. Кога е така, се случуваат повреди – додаде Гвардиола.

Да потсетиме, многу играчи на Сити се здобија со повреди од стартот на сезоната. Меѓу нив Рубен Диас, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс, Кевин де Бруин, Родри…

- Реклама -