Груби: Не гледам ништо неморално и неетички во тоа што игравме баскет и фудбал во мојот кабинет

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл баскет и фудбал во неговиот Кабинет.

Како што рече вечерва, денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати и дека само што почнале со работа.

„Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридорите 8 и 10-д што е најголем проект во независна Северна Македонија. Потоа имаше владина седница со многу точки и обраќање на шведската амбасадорка. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе прв пат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутирваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно“, објасни Груби во вечерашното гостување на 24 Телевизија.

Прочитајте и:  Зајкова: Америка лансира сонди и бара живот на месечините на Јупитер, ние уште се занимаваме со меѓуетнички прашања

Тој потсети дека согласно реогранизацијата на органите на државната управа што ја усвои Владата, Министерството за политички систем треба да ја преземе и Агенцијата за млади и спорт.

Извор: МИА

- Реклама -