„Дрим-тимот“ на ДУИ игра фудбал и кошарка во министерството на Груби (ФОТО/ВИДЕО)

Фудбал на мали голчиња, кошарка, а можеби и натпревар во забивања и натпревар во тројки денеска се одвивале во канцелијата на првиот вицепремиер Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Барем така сугерираат фотографиите кои тој ги објави попладнево на социјалните мрежи.

„Дрим тим. По долг и предизвикувачки ден, придружна антистрес дружба за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден!“, пишува Груби во постот.

Иако тој во постот не прецизира на што се однесува „големиот ден“, познато е дека денеска Владата одржа седница на која беше одобрено склучувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д, што Груби го оквалификува како „историски ден“.

Прочитајте и:  Зајкова: Америка лансира сонди и бара живот на месечините на Јупитер, ние уште се занимаваме со меѓуетнички прашања

Како што може да се види од фотографиите, „дрим-тим“-от предводен од Груби е составен од министрите Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири и, до неодамна нивниот колега, Насер Нуредини.

Во случај фотографиите да не се доволни, Груби објави и видео на својот Инстраграм профил, a за музичка позадина ја одбрал „We Will Rock You“ од Queen…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Artan Grubi (@artangrubi)

- Реклама -