Граѓаните постари од 67 години ќе имаат излез само 6 часа во денот, ограничувања и за помладите од 18

Граѓаните постари од 67 години отсега ќе можат да излегуваат најмногу 6 часа дневно, и тоа во периодот од 5 наутро до 11 претпладне, објави премиерот Оливер Спасовски во интервјуто на „24 Вести“.

„Посебен“ полициски час ќе има и за помладите од 18 години, кои се едни од најактивните пренесувачи на вирусот. Тие ќе смеат да излегуваат во периодот од пладне, односно 12 часот – до 21 часот навечер.

- Реклама -