Градот во кој е забрането да шетате куче преку ден

На 29 октомври годинава, градот Веншан во југозападна Кина забрани шетање на кучиња во текот на денот. На кучињата, поточно на сопствениците на кучиња, им е забранет пристап во парковите, шопинг центрите, спортските терени и други јавни места. Овој пропис е оценет како најрестриктивниот во целата нација, која и онака е позната по строгите регулативи кои се однесуваа на поседување куче како домашен миленик.

Под комунистичката власт на Мао Це Тунг, да се има куче љубимец беше сметано за буржоаска склоност, но таквата пракса повторно заживеа изминативе децении кога се смалија кинеските семејства, а Кинезите станаа побогати.

Многу кинески градови сé уште имаат закони кои пропишуваат колку кучиња можат да живеат во одредено подрачје, а во Пекинг е забрането чување на големи кучиња во градскиот центар.

Забраната во Веншан, меѓутоа, е далеку построга од останатите, бидејќи со на кучињата им се дозволува да бидат надвор само во периодот од 22 до 7 часот наутро. Освен тоа, ланецот/ременот со кој е врзано кучето додека го шетате не смее да биде подолг од 1 метар, а и кучиња смеат да шетаат исклучиво возрасни лица.

B92

- Реклама -