Горига: Да играш за Македонија е голема одговорност!

Дмитро Горига веќе е дел од македонската ракометна репрезентација и денес првпат ја облече опремата на нашиот национален тим и се појави на својата прва прозивка како репрезентативец на Македонија.

0
Илустрација: Горига: Да играш за Македонија е голема одговорност!
Илустрација

„Прв повик за селекцијата на Македонија. Ова е голема одговорност. Сакам да покажам колку сум спремен и да му помогнам на овој тим. Немаме многу време за подготовки, но јас ќе го дадам својот максимум на секој натпревар.

Голема благодарност за сите македонски навивачи. Вардар е причината што јас ќе заиграм за Македонија, поддршката од македонските фанови ја забележувам и сега.

Сакам да играм за Македонија и ќе доаѓам секогаш кога ќе бидам повикан. Знам дека ќе чувствувам притисок, но ќе се справам со него. Има огромна разлика од ракометот и атмосферата во Македонија отколку во Украина“, рече новиот бек на Македонија, кој на крај откри дека ја учи македонската химна!

Извор: Нетпрес