Ѓорѓевиќ: Јас ќе шутирав тројка

На конференцијата за новинари по поразот на Србија од Литванија (64:67) во полуфиналето на Евробаскетот 2015 Александар Ѓорѓевиќ одговори.

„Да бев јас, сигурно ќе шутирав тројка. Едноставно, кога имате шанса да победите, потрудете се да ја искористите“.

sasha-djordjevic_j6rnarnzmxvj1ji4ezfuvrk5t

„Не влеговме борбено во натпреварот. Литванците играа физички, како што и очекувавме. Тоа се покажа и како клучно. Потрошивме многу енергија,
неколку пати несреќно ја изгубивме топката и им дадовме шанса. Мислам дека моите момци одиграа „пристоен“ натпревар, во смисла на желбата да победат, но не игравме добро. Ниту една тројка не вреди 9 поени. Ја баравме таа „голема“ тројка, наместо топката да кружи. Не ги погодивме клучните удари, да ги погодевме, ќе беше поинаку. За три поени 6/28… за ваков натпревар, премногу!

Прочитајте и:  Се урна товарен авион на DHL врз станбен кварт кај Вилнус, првично нема информации дека е саботажа
- Реклама -