Освен тоа што кучињава со кои сега ќе ве запознаеме имаат во просек по 80 кила, по ништо друго не се различни од „обичните“ мали и слатки миленичиња. Сакаат да се галат, сакаат да ви седат во скут како да се мали кученца, сакаат да ви скокаат во прегратки или да ги носите на ушка. Лошата страна е што можат случајно да ве повредат, а добрата е што подобри перници од нив нема, особено за во тажните денови.
И уште една работа: Овие големи кучиња имаат поголем ризик да страдаат од болести на зглобовите или срцето. Па така, не пропуштајте ниту една прилика да ги опсипете со љубов. Доказите дека ја заслужуваат следуваат во продолжение: