Го расчистувале имотот, и пронашле непроценливо богатство

Цел возен парк со луксузни олдтајмери, од кои неколку исклучиво ретки модели, бил пронајден неодамна на еден имот во западна Франција.

Како што пренесуваат француските медиуми, под купот стари весници и хартии биле сокриени 60 автомобили, произведени во периодот меѓу 1930 и 1970 година.

„Беше еднакво возбудливо колку влегување во гробницата на Тутанкамон“ – раскажал Матје Ламур, директорот на аукциската куќа „Арткиријал Мотокарс“.

Прекриени со прашина, отпад и полжави кои некако се нашле во внатрешноста на самите возила, овие „гаражни убавици“ меѓу кои легендарната Tалбот Лаго T26 од 1948 г., една од трите преостанати Масерати во светот A6G Gran Sport од 1956, и Ферари 250 Калифорнија од 1961, чиј сопственик одреден период бил францускиот актер Ален Делон, се дел од колекцијата на извесен Роже Бајон, страстен љубител на автомобили.

Прочитајте и:  Пад на продажбата на автомобили во Европа

„Целејќи кон тоа да отвори музеј за автомобили на својот имот, тој купувал луксузни модели во Франција и ширум Европа“, додал Ламур.

Бајон во меѓувреме банкротирал, а неговата драгоцена колекција останала со децении сокриена од јавноста. Автомобилското богатство кое со години го собирал било откриено дури после смртта на неговиот син.

Колекцијата е проценета на 16 милиони евра, а легендарните автомобили, од кои неколку заслужуваат да се најдат во музејските колекции, ќе бидат продадени на аукција која ќе се одржи на 6 февруари во Париз.

23C3F9E800000578-2862095-Auctioneers_and_classic_car_experts_Matthieu_Lamoure_left_and_Pi-a-124_1417783104597 23C3FA9300000578-2862095-The_collection_has_sat_dormant_in_makeshift_corrugated_iron_shel-a-123_1417783104589 23C3FB2F00000578-2862095-The_Ferrari_left_once_sat_in_by_James_Fonda_was_found_under_news-a-121_1417783104575 23C3FC7B00000578-2862095-Auctioneers_and_classic_car_experts_Matthieu_Lamoure_left_and_Pi-a-117_1417783104544 23C4D4B900000578-2862095-Mr_Baillon_s_grandchildren_had_no_idea_of_the_extent_of_the_coll-a-118_1417783104552 23C4D4E800000578-2862095-The_cars_were_collected_from_the_1950s_to_the_1970s_by_entrepren-a-125_1417783104605 23C4D48C00000578-2862095-image-a-137_1417791204697 23C4D57F00000578-2862095-image-a-143_1417793833767 23C4D43900000578-2862095-The_collection_will_be_sold_by_Artcurial_Motorcars_in_Paris_on_F-a-119_1417783104561 23C4D77100000578-2862095-image-a-135_1417791091416 23C683EE00000578-2862095-image-a-141_1417793738322 23C7202300000578-2862095-Lagonda_LG45_Cabriolet_Models_of_this_wonderful_car_in_perfect_c-a-4_1417807230293

- Реклама -