GM ja претстави шестата генерација на Chevrolet Camaro

На специјална манифестација во Детроит Chevrolet ја претстави новата генерација на Camaro.

Производството на шестото поколение од моделот ќе биде организирано во фабриката на General Motors Lansing Grand River во Мичиген, а продажбата ќе започне кон крајот на оваа година.

Во Chevrolet велат дека за да го создадат најдобриот Camaro во историјата на моделот, се потпреле на три фундаментални елементи: дизајн, технологија и перформанси. Во компанијата се надеваат дека шестата генерација на набилданиот автомобил ќе стане нов репер за сегментот и ќе привлече уште повеќе приврзаници и фанови.

Надворешно новото Camaro изгледа сосема порадикално во однос на досегашната изведба, всушност во оваа машина нема речиси ништо од петтата генерација на моделот, дури околу 70% од сите детали се развиени „од нула“. Конструкцијата е засилена за 28%, а тежината е намалена за 90 килограми, благодарение на употребата на алуминиум и лесни легури. Во текот на развојот автомобилот поминала 350 часа испитување во воздушниот тунел.

Димензиите на новиот Chevrolet Camaro се 4.784×1.897×1.348 mm и меѓуоскино растојание од 2.811 mm. На овој начин, во споредба со претходникот новината е за 57 mm пократкa, за 20 mm потесна и за 28 mm пониska, а растојанието помеѓу неговите оски е скратено за 41 mm.

Во агрегатската гама  за прв пат влегува 2.0-литарско турбо четирицилиндерски мотор, кој генерира 275 КЅ и 400 Nm, забрзува од место до 100 km/h за околу 6 секунди. Освен тоа новиот Chevrolet Camaro, ќе биде достапен со 3.6-литарски V6 (335 КЅ и 385 Nm) и со 6.2 LT1 V8 (445 КЅ и 617 Nm). Последниот ќе се монтира во топ верзијата Camaro SS, која за прв пат ќе добие адаптивна суспензија Magnetic Ride Control.

- Реклама -