Во Индонезија кога искачаш у дискач, немаш потреба да ги прашуваш женските колку години имаат. Шансата дека е помлада од тоа што изгледа е астрономски мала. Многу поверојатно е да изгледа ко да има 20, а да има 50.
Жив пример ви е Prispa Dewi, претприемачка и мајка на два сина. Неодамна наполни 50 години, а изгледа ко само што да завршила факултет. Кога луѓе ќе ја видат со некој од синовите, мислат дека се дечко и девојка.
И додека повеќето жени се потпираат на козметика и пластична хирургија за да ја зачуваат младоста што подолго, Приспа дава кредит where credit is due. До гените е, вели, ама и до здравиот начин на живот со балансирана исхрана и многу вежбање. Вежбала пливање и бадминтон уште од млада возраст, а сега оди на часови по аеробик и зумба неколку пати неделно.
Освен овие свесни напори, како главен извор на младоста Приспа го истакнува и тоа што е со своите сакани и што го работи тоа што го сака. „Луѓето викаат дека колку сум постара, толку помладо изгледам… И мислам дека се во право, бидејќи сега сум посреќна – децата се пораснати, а и водам бизнис кој го сакам. Едноставно зрачам среќа, претпоставувам“, вели таа.
Ако ништо друго, барем звучи многу поискрено и реално од оние Тајванките што викаа „од водата ни е“.
За тие што ќе вриштат „Фотошоп!“, еве и им видео:
https://youtu.be/Uf2CLG_Kx0s