Гледам четири руски авиони, сè гори! Снимка на терористите за време на рускиот напад

„Четири руски авиони. Гаѓаат сè што е околу нив, сè гори. Гранатираа се што се наоѓа околу штабот, имаме големи загуби“, вели екстремист во разговор за време на нападот на руската авијација на положбата на терористите во Сирија.

Снимката од прислушуваните разговори на терористичката група Ал-Наср Џахабхат ли Ахли Ал-Шам во која се слуша паника по нападот на руската авијација во Сирија, се појави на интернет.

Руската авијација на 30 септември започна удари на положбите на ИСИС во Сирија. Авијацијата исклучиво ги бомбардира стратешките цели на терористите. До сега терористите изгубија голем дел од воената опрема и складишта со муниција.

После тешката загуба што ја претрпеа терористите голем дел од нив го положија оружјето. Според најновите извештаи, пред властите се предале околу илјада терористи.

- Реклама -