Провокативната кампања во која сопругата на регионалниот заменик е опкружена со полуголи моделки е најнов потег за да се поттикнат Русите да излезат на гласање на претседателските избори во недела.
На сликата која предизвика медиумско внимание, Јулија Дјатлова позира во друштво на 8 разголени моделки, на чии голи делови на телото пишува „Одиме на избори“, „Се гледаме на гласачките места“ и слични пораки.
Јулија е сопруга на Александар Дјатлов – претседателот на партијата Обединета Русија и владеачки пратеник во локалната општина Архангелкс.
„Сакавме да го направиме светот малку поубав и покажавме дека различните типови луѓе треба да бидат заинтересирани за иднината“, рече Дјатлова за новинарите, објаснувајќи дека моделките се од различни професии – од инженерки до фитнес инструкторки. Додава дека нејзиниот сопруг не е љубоморен, ниту посрамен од ваквата кампања.
Ова не е првата провокативна кампања. Неодамна се појавија и серија стикери за чет апликациите, кои претставуваат жени кои на провокативен начин ги заведуваат мажите да одат на гласање. Руското издание на магазинот „Максим“, исто така, објави фото-сет од провокативни моделки кои излегуваат на избори.