Градина за научно шпекулирање

garcosmicЕдноставно кажано, не постои друго место како Градината за размислување за космосот. Градината која е отворена за посета само еднаш во годината е инспирирана од науката и математиката, а нејзините посетители одат таму не само за да уживаат во природата, туку да размислуваат за важни прашања за самата природа на нештата.


Едноставно кажано, не постои друго место како Градината за размислување за космосот. Градината која е отворена за посета само еднаш во годината, е инспирирана од науката и математиката, а нејзините посетители одат таму не само за да уживаат во природата, туку да размислуваат за важни прашања за самата природа на нештата.

cosmic_speculation_4

cosmic_speculation_1_copy

Градината е во приватна сопственост. Била направена во 1989 без вообичаените идеи кога се прави градина. Нејзиниот сопственик Чарлс Џенкс, заедно со неговата сопруга Меги Кесвик имале нешто друго на ум. Хортикултурата има споредна улога на ова место во близина на Думфрис во Шкотска. Наместо тоа дизајнирано е за да поттикне на размислување за самата природа на нештата.

cosmic_speculation_2

cosmic_speculation_13

cosmic_speculation_14

Тука, скулптурите и пејзажот, се дизајнирани за да ги претстават математичките формули и научните феномени, како црните дупки и фракталите. Шетајќи низ градината можете да налетете на скулптури како оваа гигантска ДНК, или можете да се изгубите во пределот дизајниран за да ја претставува [[Fibonacci_number|низата на Фибоначи]].

cosmic_speculation_5

cosmic_speculation_6

cosmic_speculation_7

Во градината има и вештачко езеро дизајнирано според идејата на Меги Кесвик. Природните елементи тука совршено се вклопуваат со арките, контурите, свиоците и кривините кои ги претставуваат мистериите на науката. Симетријата, хаосот и нередот во природата совршено се вклопува со научните теории.

cosmic_speculation_8

cosmic_speculation_9

cosmic_speculation_10

Во овој микрокосмос од околу 1.000 метри квадратни ќе наидете на секакви објекти кои ќе ве поттикнат на ртзмислување. Многу идеи на едно место формираат комплексна, мистична и таинствена целина. Доколку тоа за вас е премногу, секогаш можете да се изгубите во Павиљонот на бесмислиците.

cosmic_speculation_12

Градината инспирирала многумина. Таа беше инспирација и за композиторот Мајкл Гондофи, кој ја овековечи во една од своите композиции. Градината ќе биде отворена за посета на 2 мај оваа година, бидејќи посетата е дозволена само еден ден во годината се препорачува да се појде таму во зори, за да може да се искористи целиот ден во истражување на мистериите на Градината за размислување за космосот.
- Реклама -