Кери Хали е студентка по уметност на универзитетот Кембриџ. Откако ја изложи својата колекција деликатни ѓердани создадени од човечка коса предизвика големи бранувања во светот на уметноста, но и пошироко.
Кери вели дека ја добила идејата за создавање накит од човечката коса од аверзијата што луѓето ја имаат кон косата, откако таа ќе биде пресечена, иако претходно се гледа како ценет дел од телото.
Материјалот за создавање на накитот го обезбедила од пријателка на нејзината мајка, Јапонка што има коса до појасот. Жената ја скусувала својата коса еднаш на 5 години, а овојпат, за среќа на Кери, се решила да скуси 30 сантиметри.
Колекцијата на Кери Хали веќе освои една награда и ќе остане изложена во Бизнис Дизајн Центар во Лондон до 2 јули.