На прв поглед изгледа како отровна змија, но ова необично суштество всушност е мала гасеница со доста креативен начин на одбрана.
На прв поглед изгледа како отровна змија, но ова необично суштество всушност е мала гасеница со доста креативен начин на одбрана.
Гасеницата под име Papilio troilus има пар големи лажни очи и жолто-зелени шари по телото за да ги уплаши своите потенцијални предатори. Овој шарен инсект долг е само неколку сантиметри, а се претвора во голема црна или портокалова пеперутка. Гасениците исто така имаат и други трикови за да бидат безбедни од предаторите. Кога ќе се изведат, малите гасеници изгледаат како птичји измет. Поголем дел од денот го поминуваат под лисјата додека не се развијат. Освен тоа, гасеницата поседува и посебен орган над главата кој и служи за испуштање непријатен мирис во случај предаторот да и дојде поблиску.