Ако сакате да ги оттргнете малолетниците од алкохолот, со достапноста
на овој гаџет тоа е лесно. Тапата е универзална и одговара на секое
шише, а за нејзино отворање потребна е комбинација од три цифри.
Следниот пат кога вашето дете ќе проба да се поднапие од домашната
ракија, ќе мора или да испроба 999 комбинации или да се откаже… освен
ако не му текне да го скрши шишето.
1. Dosugus перниче
Ова перниче врз кое е прилепен print screen од DOS е навистина кул и секој би сакал да го има врз својот кауч. На истото се испишани имиња на датотеки и директориуми во директориумот C:ALWAYS, а дали како на шега или пак со некое скриено значење вклучени се и датотеки со имиња како Optimus.jpg и Trojan.exe, како и директориуми со имиња Pron и Torrents. Линк
2. Катанец за алкохол
Ако сакате да ги оттргнете малолетниците од алкохолот, со достапноста на овој гаџет тоа е лесно. Тапата е универзална и одговара на секое шише, а за нејзино отворање потребна е комбинација од три цифри. Следниот пат кога вашето дете ќе проба да се поднапие од домашната ракија, ќе мора или да испроба 999 комбинации или да се откаже… освен ако не му текне да го скрши шишето. Линк
3. Калап за правење снежни топки
За снежните денови кога со пријателите сакате да организирате војна со снежни топки, а ве мрзи да ги правите на рака, искористете го овој калап со кој ќе направите совршени топки секој пат. Да не знаев поинаку, можев да се обложам дека овој гаџет го измислил некој црногорец. Е сега уште да направат и автоматски фрлач на снежни топки. Линк
4. Циклон мешач на коктели
Сигурно имате видено како некои професионални шанкери знаат да промешаат коктел во оние метални садови со интересна форма, фрлајќи ги во вис и вртејќи ги по сите три оски. Но, доколку не сте толкав експерт и сакате да го избегнете нередот кој би го направиле доколку пробате, еве еден гаџет кој ќе ви помогне да добиете совршено промешано мартини. Не се фрла само во вис, но е исто толку атрактивно со проѕирните страни и циклонот кој го создава додека меша. Линк
5. Cerevellum компјутер за на велосипед
Во време во кое компјутерите во автомобилите се сè позастапени, дури ни велосипедите не сакаат да заостанат. Еве еден мал компјутер кој можете да го монтирате на рачката од вашиот велосипед, и кој ќе ви ја прикаже брзината со која се движите, температурата и времето, а исто така ќе ви служи и како ретровизор со помош на малата камера која се поставува на задниот дел од велосипедот и дава видео слика од сè зад вас на малиот екран. Кога ќе се земе в предвид цената на оваа мала направа, која е на ниво на поевтините лаптопи, веднаш ќе се предомислите и ќе купите пар обични ретровизори. Линк