Гир: Напредувањето кон ЕУ ќе биде задача не само на владата, туку и на сите клучни актери од целиот политички спектар

Амбасадорот на Европскaта Унија во земјава Дејвид Гир изјави дека во интерес на нашата држава е да продолжи по патот на ЕУ и дека Унијата е подготвена да работи со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес.

-Мојата порака би била и до владата и, всушност, до целата земја. Верувам дека интересот на оваа земја е да продолжи по патот кон Европската Унија. Ние во Европската Унија сме подготвени да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес, што е неопходен за приклучување кон Европската Унија, и ќе направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на оваа земја да напредува на патот кон ЕУ, изјави Гир.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ веднаш тргна во одбрана на внучето на Ахмети

Тоа е задача, додаде евроамбасадорот, која пред сè ќе биде за владата, но не само за неа туку, рече, ќе биде потребна поддршка и од сите клучни актери од целиот политички спектар.

-Со други зборови, проширувањето треба да биде национален проект кој ќе ги обедини сите да работат на реформите, да ги спроведуваат неопходните мерки, со цел да се приклучат кон Европската Унија што е можно поскоро, истакна Гир во изјава пред отворањето на изложбата „Обединети во различноста“ по повод 20 години од најголемото проширување на Европската Унија. 

- Реклама -