Германска пратеничка: Вархеји одигра во корист на Бугарија, ЕУ мораше посилно да притисне

Предвидливо било бугарското вето, но предвидливи се и последиците од него по веродостојноста на ЕУ, истакна пратеничката на опозициските Либерали (ФДП) а воедно и експерт за Балканот и член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот – Рената Алт, вчера во германскиот Бундестаг, каде беа упатени жестоки критики кон Софија и ЕУ, но и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Како една од тие последици, Алт ја посочи изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој порача дека не може да се седи и да се чека зелено светло од Брисел, туку треба да се бараат алтернативи. Според германската пратеничка, тоа не е добар сигнал, пренесе „Дојче веле“.

Како што истакна пратеничката, тоа што ЕУ не успеа да оствари компромис со бугарската страна уште еднаш ја покажало нејзината ограничена способност да дејствува.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

„Земјите-членки на ЕУ мораа подобро да ја искористат политичката криза во Бугарија, за да го зголемат притисокот врз земјата“, изјавила Алт за „Дојче веле“, обвинувајќи го еврокомесарот Вархеји дека влечел потези во полза на бугарската влада.

„Наместо да ја убеди бугарската страна да се воздржи од инструментализирање на процесот на пристапување, комесарот за проширување попушти. Со неговиот предлог Албанија да продолжи сама, Вархеји одигра во корист на бугарската влада“, смета Алт.

Според неа, идните чекори што треба да се преземат се блиска координација со Австрија и поголема заложба на германската влада за конечно да го отвори патот за меѓувладината конференција.

- Реклама -