Германска пратеничка: Бугарското вето да се искористи како повод за укинување на принципот на едногласност при одлучувањето во ЕУ

„Ниту една земја на ЕУ нема право да го негира правото на самоопределување на друга земја. По блокадата на Кипар на санкциите на ЕУ против Лукашенко, ЕУ треба конечно да го искористи бугарското вето како повод да го укине принципот на едногласност и со тоа да ја врати способноста на Унијата да дејствува при важни одлуки“, побара пратеничката на Либералната партија (ФДП) во германскиот парламент и член на Комисијата за надворешна политика – Рената Алт, пренесува „Дојче веле“.

Таа потенцира дека користењето од страна на Бугарија на членството во ЕУ како средство за изнудување отстапки во историскиот спор со Северна Македонија, е целосно неприфатливо и притоа „го торпедира“ секој напредок во процесот на пристапување кон ЕУ.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

Според Алт, обновената блокада на пристапните преговори во ситуација кога ЕУ конечно постигна договор за одржлив и транспарентен пристапен процес, ќе биде „фатален сигнал“.

„Сојузната влада треба да го искористи преостанатото време на германското претседателство и да апелира до бугарската страна да не ја попречува тековната непречена реформска динамика во Северна Македонија со својот националистички историски ревизионизам“, порачува пратеничката.

- Реклама -