Уставниот суд на Германија донесе одлука по која на трансродните лица им се дозволува впишување на таканаречен трет пол во официјалните документи.
„Прашањето околу полот е од голема важност, а тоа важи и за оние лица кои не се чувствуваат како припадници ни на женскиот, ни на машкиот пол“, се наведува во образложението на Уставниот суд.
Германската влада има избор: или до крајот на 2018-та да овозможи граѓаните по прашањето на полот да можат да се определат и за трета варијанта, или во целост да го укине наведувањето на полот во документите.