Ако светот навистина престане да постои на 21 декември, тогаш вината паѓа на Германецот на кому му паднал череп од вулкански камен кој му припаѓал на Хајнрих Химлер. Според легендата черепот, создаден од Маите, бил украден од нацистите од Тибет.
Следбениците на партијата верувале дека черепот имал магична моќ и истиот ќе му овозможел на човештвото да ја преживее апокалипсата. Сега черепот паднал и бил оштетен за време на фото сесија. За некои ова е катастрофа која го најавува крајот на светот додека други советуваат на смиреност.
„Најверојатно бил оставен на нестабилна површина“ изјавил еден сведок за германски весник. „Наеднаш падна на подот. Големо парче се открши од долната вилица. Ова е навистина трагично.“ Томас Ритер, историчарот кој е сопственик на черепот, вели дека го добил од семејството на поранешен британски војник кој присиствувал на апсењето на Химлер.
Тој додал дека верува дека оваа несреќа нема да „ги налути Боговите“ и дека светот ќе продолжи да се врти на 22 декември. Черепот е стар 1000 години и е еден од легендарните черепи на Маите за кои се верувало дека имале магична моќ. Черепот кој тежи 1,36 килограми е направен од вулкански камен и, според Ритер, бил украден од членови на SS испратени на експедиција во Тибет помеѓу 1937 и 1939 година во потрага по загубениот град Шангри-Ла.
Тој додал: „Нацистите биле убедени дека постоеле 13 вакви черепи и дека оној што ги поседува сите ќе го контрилира светот.“ Маите создале 13 черепи, девет од нив биле во разни бои и ги претставувале човечките раси а четири биле проѕирни и ги претставувале „ѕверовите кои одат, лазат, се лизгаат и летаат“. Черепите биле испратени во нивните „родни места“ до оној момент кога ќе биле потребни за избегнување на катастрофа. [We did Nazi this coming: German who dropped a Mayan skull owned by Himmler will be to blame if world ends on 21-12-2012]