„Газпром“ ја стопира испораката на гас за Бугарија, Бориславова уверува дека земјата е подготвена и нема закана за енергетската безбедност

Не постои закана за енергетската безбедност на Бугарија, изјави вечерва Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бориславова нагласи дека бугарската Влада е подготвена со месеци со план за дејствување во ваква ситуација.

„Обезбедени се алтернативни начини за испорака, нема причина за паника и за никакво стравување. Премиерот Кирил Петков и вицепремиерот Асен Василев се известени за ситуацијата, нема ризик за енергетската безбедност на Бугарија“, истакна таа.

„Газпром експорт“ од четврток ја стопира испораката на гас за Бугарија, а бугарскиот министер за енергетика Александар Николов за утре закажа прес-конференција во врска со оваа мерка.

Прочитајте и:  Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври

Бугарското Министерство за енергетика соопшти дека до овој момент во земјата не се воведуваат ограничувања за користење на гас.

МИА

- Реклама -