Галант: Војната може да трае со месеци, но ќе биде последна, зашто веќе ќе нема Хамас

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, рече дека војната против Хамас може да трае „со месеци“, но дека тоа ќе биде последен судир со милитантната група од Газа, пренесуваат странските агенции.

Галант во неделата разговараше со единиците собрани за очекуваната копнена инвазија на палестинската територија, која, како што соопшти Израел, синоќа започнала во ограничена мера, а е одговор на масакрот што Хамас го изврши врз Израелци и израелски цивили на 7 октомври.

„Тоа ќе трае еден месец, два месеци, три месеци, а на крајот нема да има повеќе Хамас“, рече Галант во воздухопловната база, чија локација не беше соопштена од Министерството за одбрана.

„Пред Хамас да стапи во контакт со нашите тенкови и нашата пешадија, тие ќе се сретнат со гранати на нашите воздушни сили“, истакна тој.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Галант додаде дека израелските воени авиони „знаат како да го направат тоа прецизно и смртоносно“ и нагласи дека „ова треба да биде последна војна во Газа, од едноставна причина што повеќе нема да има Хамас“.

Извор: МИА

- Реклама -