Една фризерка изработила фустан направен целосно од човечка коса, а него го носеше една од кандидатките на финалната вечер на изборот на убавина Мис на Англија.
Фризерката Џоди Бридс користела исклучиво природна коса што ја донирале нејзините клиентки, комбинирана со коса што е наменета за надградба.
Фустанот што според стилот и начинот на изработка може да се вброи во облека од висока мода, го носеше 18-годишната финалистка Холи Лионс, во категоријата еколошка облека на изборот за Мис на Англија.
Бридс дошла до оваа идеја додека размислува за тоа како да го претстави своето фризерско студио на годинешниот избор на убавина. Таа го изработила фустанот заедно со нејзината тетка Маргарет, која е шивачка.
Вели дека бидејќи во нејзината работа косата и убавината се главни елементи, сакала нив да ги спои во еден модел, а процесот на изработка траел само шест часа.
Лионс била задоволна носејќи го фустанот и објаснила дека се чувствува како да носи свила.