Неочекуван и возбудлив ден во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед. Играчите и вработените во клубот ги добија клучевите од своите нови автомобили од марката Chevrolet, како дел од спонзорскиот договор помеѓу фудбалскиот клуб и автомобилскиот производител.Направените избори се базирани на желбите на играчите, а Chevrolet Captiva се покажа како еден од најпопуларните модели на компанијата. Во прилог на автомобилите, некои играчи добија и посебни совети за нивното управување и безбедност од возачот од Corvette Racing, Оливер Гејвин, едно искуство кое го направи настанот уште повозбудлив.
– Понудата на Chevrolet обезбедува за вработените во клубот и играчите на Манчестер Јунајтед широк избор на модели кои може да „одговорат“ на нивниот начин на живот, било да е тоа Captiva, електромобилот со продолжен опсег Volt или култните Camaro и Corvette, забележува Сузан Доерти, претседател и управен директор на Chevrolet Европа.
Робин ван Перси, кој избра Captiva, истакна: „Имам две деца, така што овој автомобил навистина е соодветен за мене – тоа е вистински семеен модел кој изгледа одлично.“ Холанѓанецот Александар Битнер исто избра Captiva, а за неа вели: “Ова е одличен автомобил – просторен и удобен за моето големо семејство во Холандија. Добро е да располагаш со доволно место кога патуваш некаде “. Голманот Сем Џонстон и Ник Пауел се одлучија за електричниот Volt. Пауел во контекст на ова рече: “Ова е интересен автомобил, кога управувате со него имате некое поинакво чуство и е доста тивок … во него се е некако футуристички, особено што се однесува до заштитата на животната средина.
“Chevrolet Camaro со моќност од над 400 КЅ и Chevrolet Corvette беа преферирани од лидерот на тимот, напаѓачот Вејн Руни, дефанзивецот Патрис Евра, полудефанзивецот Мајкл Карик и мексиканскиот голгетер Хавиер Ернандез. Вејн Руни беше исклучително импресиониран од своето Camaro кабрио и потенцира: „Ова е уникатен автомобил, изгледа одлично и нуди вистинско задоволство при возењето. Избрав механички менувач, бидејќи сметам дека дава најдобра можност да почувствувате еден спортски автомобил.“ Патрис Евра избра Camaro купе и додаде: “Ми се допаѓа формата на возилото. Тоа е фантастично – тукушто го возев за прв пат и бев пријатно импресиониран од тоа колку моќ се чувствува во него. Навистина сум среќен.“ Мајкл Карик доби можноста да вози Corvette GS: „Порано поседував Dodge Viper, но скоро не сум возел спортски автомобил. Кога повторно ја добив оваа можност, избрав Corvette без двоумење!“ Хавиер Ернандез го избра помалиот Camaro: „Овој автомобил не е толку голем како меѓу впрочем и јас, па многу си одговараме!“.
Chevrolet стана официјален автомобилски партнер на Манчестер Јунајтед како дел од спонсорскиот договор потпишан во 2012 година. Логото на Chevrolet ќе биде дел од дресовите на „црвените ѓаволи“во сезоната 2014/15.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.