ФСБ уапси тинејџер поради закани за напад во Москва: „Благодарни сме им на САД за дојавата“

ФСБ вчера потврди дека преку воспоставените канали за соработка добила информации од САД за подготовка на напад во Москва и дека презема соодветни мерки, пренесе ТАСС.

1
Илустрација: ФСБ уапси тинејџер поради закани за напад во Москва: „Благодарни сме им на САД за дојавата“
Илустрација

Според руската безбедносна служба, тинејџерот објавил фотографии на Тикток на кои носи тактичка облека и фантомка, а во рацете држи предмет што личи на автоматско оружје. Објавил и фотографии направени во музејот-парк Царицино, со натпис „Најдов место“.

При претресот на неговиот дом биле пронајдени облеката и предметите што се гледаат на фотографиите. Според ФСБ, на неговиот телефон било утврдено дека следел неонацистички канал на Телеграм и дека пребарувал информации за терористички напади, масовни убиства и други насилни дејства.

„Благодарни сме ѝ на американската страна за доставените информации“, соопшти ФСБ.

Американската амбасада во Москва во саботата предупреди на веродостојна закана од напад со голем број жртви во комплексот Царицино и ги повика американските државјани да ја избегнуваат областа.

По предупредувањето, планираните настани во комплексот беа откажани, а безбедносните мерки беа засилени. Паркот привремено беше затворен.

Рускиот Истражен комитет сега одлучува какви правни мерки ќе бидат преземени против малолетникот.

Извор: МКД.мк