Фризерското студио Боше од Скопје, ја сподели со нас нивната успешна техника во фризирањето, која засега ја применуваат само тие – и тоа, не само во земјава, туку воопшто во светот, прочистена и користена на овој начин.
Имено, се работи за примена на деминеларизирана вода, која како практична наука досега се користеше само во медицината, хемијата, индустријата и енергетиката, но не и во козметиката.
Конкретно, системот што го користат кај Боше се одликува со исклучителна хемиска и биолошка чистота, без тешки метали, органски хемикалии и микроорганизми, што според нивните резултати се испоставило како одличен третман за заздравување на влакната на косата, мекост, и конечно решение против здодевниот првут.
Фризерот и сопственик на студиото, Боше вели дека е горд што успеал да ја пронајде примената на овој метод во својата професија.
„Оваа вода го има истиот состав со дождовницата. Се филтрира и ја прави косата идеално мека и свиленкаста, не содржи калциум и хлор, па затоа поубаво се разредува“, вели Боше.
Замислете како ја миете главата со обична вода од една страна, и со деминерализирана – од друга. Додека кај првата имате тешки метали и бактерии што ја уништуваат подлогата, кај втората се создава совршена база што дава подолготраен ефект на мекост, чистота и рамномерно распоредување на козметичките производи кои се користат при миењето.
„Клиентите се многу задоволни и чувствуваат голема разлика. Тоа што го откривме ние, засега не го направил никој, па затоа ова е пронајдок во светски рамки“, додава Боше.