Со фризери и бербери против семејно насилство

Фризерите во американската сојузна држава Илиноис ќе полагаат посебен курс за препознавање на знаци од насилство во семејствата. Со новиот закон кој стапи на сила од 1 јануари, курсот станува задолжителен.

Фризерите, берберите и другите вработени во салоните за разубавување во Илиноис, со тоа и во Чикаго (третиот најголем град во САД), ќе мораат да го положат курсот за да добијат лиценца. Со програмата се опфатени околу 88.000 фризерски салони, со тоа што вработените нема да бидат приморани да ги пријават евентуалните знаци за семејно насилство, пред сé заради нивна заштита.

Во програмата се наведуваат повеќе знаци на насилство, од модрици и контузии, до социјална исклученост. Според здружението Chicago Says No More (Чикаго вели доста е), секоја трета жена и секој трети маж во САД се жртви на семејно насилство. Chicago Says No More е и мозокот зад ваквата програма за откривање на насилството.

- Реклама -