Франција ќе испрати брод на морнарицата за „поддршка“ на болниците во Газа

Претседателот Емануел Макрон денеска најави дека Франција испраќа брод на морнарицата за поддршка на болниците во Појасот Газа, што се изложени на ризик од колапс под израелското бомбардирање и опсада.

Бродот „ќе го напушти Тулон во следните 48 часа“, рече францускиот претседател за време на заедничката прес-конференција во Каиро со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Франција, исто така, ќе испрати авион со медицинска опрема во Египет за да биде пренесен на палестинската територија.

МИА

- Реклама -