Први фотографии од Porsche Macan

Новиот кросовер на Porsche, моделот Macan, не успеа да им се сокрие на фотошпиуните кои се „гладни“ за сензации на патот. Ова се само дел од тестирањата, а финалната верзија би требало да ја видиме догодина.

Според информации на агенцијата ANE, целосно новиот модел на Porsche, компактниот кросовер Macan е развиен на платформата на моделот Q5 на Audi, која ќе биде користена исто така и кај новината Q6. Macan, кој ќе биде лансиран официјално следната година, се очекува да биде опремен со првиот четирицилиндерски мотор на Porsche направен од 1995 година до сега.


Од Porsche планираат годишно производство за Macan од околу 50.000 единици, а самиот модел ќе треба да се спротистави на мошне силните „играчи“ на пазарот во овој сегмент, како Range Rover Evoque, Mercedes GLK и BMW X3.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -