IBM-овиот хард диск наречен IBM 350 Disk Storage претставуваше важна компонента од IBM 305 RAMAC (Random Access Memory Accounting) системот, кој беше претставен во септември 1956 година. Хард дискот од 5 мегабајти беше конфигуриран од 50 магнетни дискови со 50.000 сектори, од кои секој еден содржеше 100 алфанумерички карактери, со капацитет од 5 милиони карактери.
На фотографијата се гледа како го товарат IBM 350 Disk Storage за испорака.