Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз на вториот слободен тренинг за Големата награда на Лас Вегас, 22. коло од Светскиот шампионат во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион, кој беше и најбрз на првиот слободен тренинг, ги остави зад себе сонародниците Ландо Норис (Мекларен) и Џорџ Расел (Мерцедес).
Двaта билида на Ферари ја затворија првата петорка – Шпанецот Карлос Саинз беше четврти пред Шарл Леклер од Монако.
Водечкиот Холанѓанец Макс Верстапен (Ред Бул) беше само 17-ти во првенството.
Третата и последна слободна тренинг сесија е закажана за петок во 18:30 часот по локално време (сабота во 3:30 часот по средноевропско време) пред квалификациите закажани за 22:00 часот (сабота во 7 часот).
Големата награда на Лас Вегас нема да се одржи во недела како и обично, туку во сабота навечер, со почеток во 22 часот во срцето на познатиот Стрип каде Макс Верстапен ја има првата шанса да го освои четвртиот последователен светски шампионат.