Форд создаде „виртуелна фабрика“

Виртуелна средина во комбинација со системи за „фаќање“ на движењата, ќе овозможи погодности за работа на автомобилските центри при поризводството на возила.

Ова е дел од одлуката на Форд да ја подобри продуктивноста на компанијата и да ја насочи монтажната технологија преку виртуелен начин, како што тоа веќе се прави со „замислените“ краш-тестови без да се уништуваат автомобилите.

Во виртуелната фабрика можат да се земат предвид не само важни моменти од процесот на производството, континуитет, работата на лентите, монтажни позиции итн., туку и да се репродуцираат активностите на работниците.

За таа цел прво се прави тродимензионално снимање на реалните објекти во претпријатието, а потоа од нив, како од „тули“ се монтираат на екранот производствените линии. По репродукција на „сцената“ се имитираат однесувањата на работниците, вклучувајќи детали и до движењата на прстите!

Прочитајте и:  Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

По анализите инженерите можат да предвидат и исклучат неудобни пози за работа, да се оптимизира преместувања на работниците во цел на работното место околу возилото, да го проверат степенот на приспособеност на даден модел за индустриското производство, достапноста на поединечните елементи на автомобилот при монтажата, да се проверат можностите на новите алатки, оптимално осветлување на работните места, редоследот на монтирање на агрегатите и уште многу други нешта.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -