Ford најави дека компанијата ќе се врати во серијата Ле Ман во наредната година. Марката ќе учествува во натпреварите со специјално подготвена верзија на моделот GT, која ќе се одликува со специјално развиена спортска аеродинамика, карбонско тело, V-twin шестцилиндерски мотор EcoBoost …
Новата спортската програма на Ford вклучува учество во FIA World Endurance Championship и TUDOR United SportsCar Championship сериите, а ќе се обложи на два тима со четири автомобили GT, предводени од легендата Чип Ганаси. Компанијата, се разбира, ќе се вклучи и во легендарната трка 24 часа Ле Ман.
Новата спортска креација која беше претставена викендов во Ле Ман, е помогнатa од Multimatic Motorsports, Roush Yates Engines, Castrol, Michelin, Forza Motorsport, Sparco, Brembo и CGRFS.