Ford работи на „ги фатив сите семафори на зелено“ систем

zeleno

Ford објави дека компанијата работи на развој на посебен систем, кој ќе ни овозможи да се движиме без досадни запирања на црвено светло, се разбира во одредени ситуации.

Новиот асист-систем Green Light Optimal Speed Advisory на Ford користи информации од семафорите инсталацирани во мрежата и е во состојба да му понуди на возачот оптимална брзина на движење, која ако биде почитувана, ќе се обезбеди движење само во „зелен бран“. Според податоците, возачите во Британија кои седнуваат зад управувачот секој ден губат во чекање на црвен семафор, вкупно по два дена секоја година.

Новата технологија се наоѓа во развоен период и е дел од иницијативата на UK Autodrive, која е најголемата во Велика Британија за автомобилско поврзување и автономно управување. Со специјално подготвени од Ford претставници на Mondeo Hybrid се тестира исто така и системот Emergency Electronic Brake Lights кој известува при нагло активирање на системот за сопирање, доколку се наоѓа на 500 метри возило пред вас, при приближување на брза помош, полициско или противпожарно возило, при влегување во раскрсница на возило со посебен режим на движење…

- Реклама -