FORD ПОВТОРНО ПОСТАВУВА MUSTANG НА EMPIRE STATE BUILDING

Ford најави дека за да го одбележи 50 години континуирано производство на легендата Mustang, ќе постави претставник на новата генерација на моделот, на терасата од 86-тиот кат на Empire State Building.

Со специјална настан, кој ќе се одржи на 16 и 17 април, Ford ќе го повтори сценарио од пред 50 години – презентацијата на Mustang во една од најпознатите згради во целиот свет. Од фирмата на Синиот овал планирале специјален настан и за Европа, што ќе се одржи подоцна оваа година  и ќе  му претходи на пазарното лансирање на Mustang на континентот во 2015.

Ако се прашувате како новиот Mustang ќе се најде на 86-ти кат на Empire State Building, одговорот е едноставен – на делови и со лифт, бидејќи доставата со хеликоптер е премногу ризична, поради тесниот простор на терасата.


- Реклама -