Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук профил поранешниот премиер Зоран Заев.
„Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.
Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи“, пишува Заев.
Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија, порача Заев, е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет.