Фон дер Лајен: Решени сме да излеземе од зависноста од рускиот гас

Брисел, 23 февруари 2022 (МИА) – Претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, се сретна со премиерот на Норвешка – Јонас Гар Стор, стратешка земја во однос на набавката на гас во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со норвешкиот премиер изјави дека Европската Унија е решена да се ослободи од зависноста од рускиот гас и ѝ се заблагодари на Норвешка за нејзината улога во оваа цел.

„Ќе разговараме за енергијата. Русија ја инструментализира енергијата со месеци, ако не и години, за да врши притисок врз Украина, но и врз ЕУ, и ние сме решени да излеземе од зависноста од рускиот гас“, рече фон дер Лајен.

Прочитајте и:  ФТ: Никој не е на страната на Унгарија и Словачка во однос на испораката на нафта од Русија

Претседателката му се заблагодари на норвешкиот премиер и додаде дека неговата земја секогаш била партнер од доверба кога ѝ бил потребен гас на Европската Унија. Гасот за ЕУ е важен, рече таа, но е транзициски извор на енергија, бидејќи конечната цел на ЕУ е да се сврти целосно кон обновливите извори на енергија до 2055.

„Тоа е стратешка инвестиција во нашата независност“, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на средбата со Стор.

- Реклама -