Во очекување на седмата генерација на Golf, Volkswagen го обнови моделот Gol, ексклузивно наменет за латиноамериканските пазари.
Моделот кој се произведува во Бразил во две варијанти – хечбек и седан под името Voyage, во моментов ја живее својата петта генерација, претставена пред четири години. Со тековното освежување, Volkswagen Gol и Voyage дизајнерски се доближуваат до своите европски братучеди, од кои имаат наследено и дел од механиката – платформата на која се поставени е од претходната генерација на Polo, додека моторите му се уникатно развиени според локални потреби.
Во Бразил, како и сите други автомобили, новиот Gol ќе се нуди со мотори кој работат на бензин или етанол. Во понуда се две верзии – 1,0 и 1,6 литарски, кои кога работат на бензин располагаат со 72, односно 101 КС, додека согорување на алкохолот во нивните цилиндри им овозможува некоја коњска сила повеќе.
Објавено во соработка со Авто Плус.